Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИСвест

Ковачевски: Ги зголемивме платите, пораснаа инвестициите, а невработеноста е под 13 отсто, од фамозните 25 во време на ДПМНЕ

„Факт е и дека и со зголемени плати и со зголемена минимална плата и со зголемени инвестиции кај нашите компании невработеноста изнесува под 13%, од фамозните 25% невработеност во време на ДПМНЕ. Тоа е историски најмало ниво на невработеност во државата. И не мора никој да не фали, јас ги гледам луѓето кога одат на работа и ги гледам и билбордите дека се бара работник повеќе тоа за тоа што најголлемиот дел од нашите сограѓани се веќе вработени“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски при отворањето на изборен штаб во Кисела Вода.

Тој додаде дека СДСМ обезбеди и рекордна поддршка за домашните компании, над 100 милиони евра за поддршка на 919 компании во нивните инвестициски циклуси.

„Во време на ВМРО 0 денари се издвојуваше за поддршка на домашните компании. Единствено беа поддржувани странските компании каде што земјата беше рекламирана како дестинација за евтина работна сила“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ПАДНАТ ЛИ МАСКИТЕ НА ПАЗАРОТ ЗА ХРАНА: АХВ најавува имиња и податоци што ќе кренат прашина

ДЕСК

Клучното прашање во случајот „Мазут“: Имало ли загадување?

ДЕСК

ДЕТСКИ РОДЕНДЕН СТАНА МИНИ-СВАДБА: Игрална, торта, подарок — колку навистина чини?

ДЕСК