На 14.02.2024 во 12.26 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на с.Жиганци, општина Чешиново – Облешево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(54) од Кочани, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(25) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со винички регистарски ознаки, управувано од Л.С.(58) од Виница.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатничката од возилото „сеат“ Н.П.(24) од Скопје и Г.А.(52) од Кочани, сопатник од возилото „фолксваген голф“.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобиле Д.Д., Л.С., сопатникот од возилото „фолксваген голф“ Б.А.(51) од Кочани и две сопатнички од возилото „цитроен“ М.С.(63) и Ц.С.(84), двете од Виница, а со телесни повреди се здобиле М.А. и уште една сопатничка од возилото „цитроен“ М.С.(50) од Виница, констатирани во Клиничката болница Штип, Општата болница Кочани и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кочани.