11.8 C
Скопје
24. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Пенов: Пасошите ги прави германска фирма избрана во 2010 година со таен договор, дневно може да печатиме четири илјади пасоши

„Пасоши печати германска фирма избрана на тендер во 2010 година. Договорот со таа фирма се уште е во важност и е таен. Договорот е потпишан кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ, а министерка Гордана Јанкулоска. По тој договор, инсталирана е машина во Македонија, која кога ќе се сликате и ќе внесете податоци треба да го отпечати документот, со капацитет од четири илјади пасоши на ден“ рече министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека доцнењето за издавањето на документи со новото име, по менувањето на уставот е поради фактот што законите за промена на докуемтите се донесени многу подоцна.

„Едниот закон е донесен во декември 2020 година, а другиот во јуни 2021. Има објективни причини за тоа доцнење, како корона кризата, избори, но најмногу се доцнеше поради расправата дали таму да пишува Македонец, дали граѓанин на Република Северна Македонија. Имаше предлози од албанските партии и за етничка припадност“ рече Пенов.

Министерот кажа дека првите пасоши со Република Северна Македонија формално започаа да се издаваат во јули 2021 година.

„Кога јас влегов во владата, министерот Оливер Спасовски почна да информира дека граѓаните не се јавуват на закажните термини за пасоши. На ден се закажни 4000 термини, но бројката на сликани никогаш не надмина над 3000. Значи илјада термини некој ги зафаќа и не ги користи и им го зема правото на другите граѓани, затоа настанува оваа гужва“ рече Пенов.