22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Зоран Иванов / Фото: Civilmedia.mk
.СТАВ

Нужда, нели, и закон менува

Нужда, нели, и закон менува

ЗОРАН ИВАНОВ

Ете, можело, можело, кога е густо, кога предизборно се тресат за секој граѓански изборен глас, можело вака растрчано и солидарно како да гасат пожар во селски амбар, да спасат бар нешто од тоа што може да се спаси, успеаја барем за миг нашите парламентарци да си ги надминат и боите и суетите и заеднички и сложно како попови в петок, да направат едно добро за нас граѓаните, во случајов минута до дванаесет пред утрешното ембарго за старите возачки дозволи чиј рок како последица на преспанскиот им истекува на полноќ, да го изменат законот за безбедност во сообраќајот и откако власта ја утна, а опозицијата технички ја дозамати, сепак да можеме и без северна да возиме до крајот на оваа година и ете пак, значи можело, но за жал, можело не од сакање туку, кажано во оваа една реченица, можело од нужда но ако веќе сепак нешто можело, ајде сега предизборно ли, постизборно ли, сеедно, идентично и сложно напред и со уставните и со ЕУ реформите и со правосудството и со капиталните и со корупцијата и со екологијата и со …, ајде, нели можело или е сепак ова само онаа пуста трка по голи граѓански изборни гласови, а не таа посакувана солидарна парламентарна посветеност за државата и граѓаните но што е тука е зашто, се покажа веќе на наредната точка, и ова денеска не било до карактерот туку до нуждата било а, нужда, нели, и закон менува.

Извор: Civilmedia.mk