25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Коциќ: Со цел да не се создаваат тензии и манипулации во јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ денес ќе предложи законски измени за валидност на исправите

„Со промена на ставовите во три дена не се решаваат проблемите. Напротив, во државата се создава хаос. Не е точно дека нема да важат документите, тоа го кажа и досегашниот премиер Ковачевски и досегашниот министер за внатрешни работи Спасовски. Личните карти остануваат со важност до датумот на важење на територијата на државата. Законот донесен пред две и пол години вели дека 12.02 ќе важат возачките дозволи издадени до денот на стапување на сила на законот. Што значи дека после први јули и пред 2021 врз основа на тој закон возачките дозволи се важечки. Не може никој без разлика дали е министер, премиер да го крши уставното загарантирано право на граѓаните за слободно движење“, изјави Ненад Коциќ пратеник од редовите на СДСМ во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ вчера објавиле дека граѓаните од утре не смеат да ги возат нивните возила затоа што доколку направат сообраќајка нема да можат да бидат обештетени.

„Со цел да не се создаваат вакви тензии во јавноста и да се манипулира јавноста, што практично е и целта на техничките министри коишто влегоа благодарение на поддршката на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш, избега и не гласаше за министрите коишто ги предложија и да не се создаде правнички гап ние денес предложуваме закон со којшто сакаме ова да го разјасниме, односно важењето на документите ќе биде со важење со датумот на валидност“, потенцираше Коциќ.

Тој додаде доколку измените се донесат денес, утре ќе излезат во Службен весник.