14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОвест

Ристески: Општина Аеродром речи си и да нема капитални инвестиции во 2023-та

– Последниот квартален извештај за реализацијата на Буџетот на Општина #Аеродром за 2023 година уште еднаш го потврди она што го забележувавме минатата година, а тоа е дека лошо се планираат средствата, буџетот е неразвоен и бавно оди прибирањето на општинските приходи.
Во делот на капиталните расходи реализирани се само 45 милиони денари (околу 730 илјади евра). Тоа е отприлика колку што Владата минатата година одвои за заемот за реконструкцијата на 2 улици во Лисиче (Црноризец Храбар и Мите Богоевски). Или со други зборови, тоа е 3,5 пати помалку од 170 милиони денари што #Владата ги одвои годинава за доградба на ОУ Блаже Конески и новиот објект на клонот Изворче, на детската градинка Срничка, со капацитет за сместување на 200 нови дечиња, изјави Милутин Ристески, советник од СДСМ во Општина Аеродром.

Можеби ќе ве интересира

Важна вест за скопјани: Утре и задутре сообраќајот на овие сообраќајници ќе биде ПОД ПОСЕБЕН РЕЖИМ!

ДЕСК

Известување за нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај на улица “Белградска”

ДЕСК

80 години гордост, страст и традиција – ФК Пелистер

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.