Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Жител на Демир Капија обвинет за ширење омраза кон припадници на маргинализирана група

-По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот, преку коментари на социјални мрежи, објавени под вест на еден веб портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација. Делото било пријавено од здружение кое ги застапува правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ со обвинувања за системско ширење лажни вести од страна на властите – показната вежба за разоткривање е успешно завршена

ДЕСК

Спасовски тврди дека е невистина дека во 2021 ќе се градел бегалски камп, туку нова зграда на Центарот за странци

ДЕСК

Почна протестот за поддршка на поранешните водачи на УЧК во Скопје – градот под сообраќајна блокада

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.