На денешната прес-конференција по повод резултатите од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска кажа дека за проекти од национален интерес во културата за 2024 година се издвоени 867 милиони и 600 илјади денари или 14 милиони евра.
Министерката за култура соопшти дека годинава се пристигнати 3 132 пријави, од кои 313 се одбиени по административната проверка поради пријавување во несоодветна дејност, непотполна документација, а во некои случаи наместо документ бил приложен и празен лист. Од тие причини, таа ја поздрави секоја одлука на членовите на комисиите кои, како што рече, без двоумење поддржаа проекти што ги оценија како креативен блесок.
„Во поголемиот дел од 26 пријавени проекти во оваа програма, комисијата препозна проекти за кои велат дека ги поместуваат границите и нудат поразлични перспективи во креативните индустрии“, рече министерката за култура.
Министерката рече дека ја радува поддршката на млади автори, драматурзи, режисери, на нови, но и на докажани авторски имиња, како и поддршката на проекти кои одат во насока на деметрополизација на културата.