Изминативе неколку години правата на студентите се значително унапредени, но воведени се и нови.
За речиси двојно е зголемен износот на стипендии, а воведени се и нови категории на стипендии, како и нови стипендии за средно стручно образование.
Воведен беше и студентски оброк, право кое не постоеше порано, а потоа беа направени неколку измени со цел да се унапреди правото. Зголемен беше износот и бројот на денови кога се прима субвенциониран студентси оброк од понеделник до сабота.
Вчера, Собранието ги донесе и измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, со што се предвидени новини околу начинот на користење на оваа државна мерка.
Согласно измените, доколку студентот не го искористи правото на субвенционирање на оброк во некој од деновите, износот му останува достапен за користење на сметката до крајот на тековната седмица, заклучно со ден сабота.
Студентите не беа изоставени ниту од пакетите за антикризни мерки се со цел да се излезе во насока на унапредување на студентскиот стандард.
15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање, добиваат ваучер за превоз во износ од 600 до 1.200 денари.
Како дел од антикризните мерки, над 105 илјади ученици во основното образование и средношколците добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари месечно, во траење од 6 месеци.