Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: На предлог на министрите од СДСМ беше решен проблемот со платите во ФЗО

На предлог на министрите од СДСМ беше решен проблемот со ФЗО, вработените до ребалансот ќе добиваат плата која што ја добиваат и во текот на месец декември и со тоа тој штрајк верувам дека и денес е веќе ставен во мирување, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Техничката Влада е феномен како резултат на владеењето на ДПМНЕ до 2016 година, потензираше Ковачевски.

-Техничката влада кај нас е светски феномен кој што не постои никаде во светот. Ние имаме неколку феномени во државата, еден феномен е техничка влада или пржинска влада, втор феномен е СЈО кое што веќе не постои и трет феномен е ОТА агенција која што никаде во свет ја нема и тоа се резултат на начинот на кој што владееше ВМРО-ДПМНЕ до 2016 година. И сметам дека би бил уште еден светски феномен влада која што е задолжена да организира избори да успее да падне. Сметам дека нема да се случи тоа, дека таа влада ќе успее да организира фер демократски избори, за тоа е и зошто доминантно е избрана и дека нормално ќе ги менаџира работите кои што ги има да ги прави до одржувањето на изборите а кои што се однесуваат на регулирање на одредени процеси во државата, рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – нашата борба можеби е тешка, но е праведна

ДЕСК

Драстични промени со времето, прво дождови, па значително зголемување на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК