19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Младите остануваат нашиот партнер во работата

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес учествуваше на работилницата „Градење на политики и стратегии за млади со носители на одлуки во различни сектори“ во организација на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.

Во духот на последните соработки на Министерството за труд и социјална политика со младинските организации и со младите индивидуално, денес Тренчевска зборуваше за заедничката работа и успесите од истата.

„Особено сум горда што можам да истакнам дека во соработка со НМСМ ја донесовме Стратегијата за ментално здравје за младите. Тоа е резултат на вреднување на мислењето на младите и нивните потреби“ истакна Тренчевска.

Таа зборуваше дека во моментот се работи и на нова услуга што е по Акцискиот план на стратегијата за ментално здравје.

„Согласно новата стратегија како Министерство за труд и социјална политика воведуваме нов центар кој ќе биде во склоп на „25ти мај“. Во склоп на центарот ќе се овозможи советодавни услуги, психосоцијална помош и поддршка, окупациона терапија и градење на вештини, менторирање. Целта е да се развијат нови начини на гледање на животната ситуација, надминување на тешкотиите, да се создадат услови за зачувување и развој на личните можности и одговорниот однос на поединецот кон себе, неговото семејство и општество. Оваа услуга беше дел од акцискиот план од националната стратегија предложена од НМСМ, и ова е уште еден доказ дека соработката на институциите со младите вродуваат со плод“ изјави Тренчевска.

Во нејзиното обраќање таа ги истакна и достигнувањата на министерството за труд и социјална политика. Таа посочи дека само изминатата година во Оперативниот план за мерки и програми беа вклучени 22.786 невработени млади лица, што резултираше со 39% успех на оваа мерка. И истакна дека за оваа година буџетот за спроведување на мерките е зголемен за 1 милион и 200 илјади евра.

Тренчевска на крај се вклучи и во работилницата за Акцискиот план за националната стратегија за млади заедно со младите.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК