Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Паркинг конфликт излезе од контрола: Избоден скопјанец

На 4 декември 2025 година во 16:10 часот во Одделението за внатрешни работи во Гостивар биле задржани двајца мажи, едниот од селото Равен на возраст од 44 години, а другиот од Гостивар на возраст од 57 години. Тие се сомничат дека истиот ден, околу 12:50 часот, на улицата „Никола Парапунов“, заедно со уште едно лице, по претходна расправија околу паркинг простор, физички нападнале маж од Скопје на возраст од 41 година, кој извршувал работни задачи за фирма од Скопје.

Напаѓачите, според пријавеното, употребиле метален предмет и остар предмет, при што му нанеле убодна рана. Повредениот бил пренесен на лекарска помош.

Двајцата осомничени се задржани во полициската станица во Гостивар, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК