Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Убедливо водство на Европскиот фронт пред ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 6

Според анкетата објавена синоќа на МТВ, во Изборната единица 6, Европскиот фронт има убедливо водство пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Анкетата е изработена од Институтот за политички истражувања – Скопје на анлитичарот Владимир Божиновски, кој е близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ и покажува дека Европскиот фронт би освоил 11 пратенички места во оваа изборна единица, пред ВМРО-ДПМНЕ кои би освоиле само 3.

Според објавените резултати за шестата изборна едница, за ВМРО-ДПМНЕ се одлучиле 8,1%, за ДУИ 17,9%, за ЕСП 16%, за Алијанса 7%, за СДСМ 4,4%, Левица 0,7%, ЗНАМ 0,6%, не знам 6%, Не сакам да кажам 17,6%.

Претворено во мандати тоа би значело дека ВМРО-ДПМНЕ би освоило 3 мандати, СДСМ 1, ДУИ 7, ЕСП 6 и Алијанса за Албанците 3, што значи дека Европскиот фронт, составен од СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, ЛДП, ДОМ, ВМРО-Народна партија би освоил 11 мандати.

Овој резултат на анкета спроведена од институт близок до опозициската партија само потврдува дека граѓаните се про-европски расположени и избираат европска иднина со Европскиот фронт, наспроти неизвеснот и изолација со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од досега објавените резултати на анкетата на ИПИС и МТВ се покажува дека во Изборните единици 1, 2, 5 и 6, Европскиот фронт би освоил 35 пратенички места, наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои би освоиле 29.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

ДЕСК

Меморандум на МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција

ДЕСК