Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведени три лица

На 06.02.2024 во 15.10 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода 30-годишната М.А., П.Т.(34) и Б.А.(42), сите од Велес. При претрес во домот на М.А., извршен со наредба од Основен суд Велес, каде биле затекнати П.Т. и Б.А., биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, таблети и дигитална вага, соопшти МВР.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Во Брисел одржан првиот парламентарен состанок со Северноатлантскиот совет на НАТО

ДЕСК

Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со алумни на Универзитетот Харвард

ДЕСК