Во кризни времиња не е баш популарно да си во власта
ЗОРАН ИВАНОВ
На претстојниве избори не само Алијансата, чинам, ќе биде клучна секоја партија па и најмалите без оглед дали ќе бидат во коалиции или не, а секој глас ќе има тежина посебно поради фактот за веќе сè понагласената диференцијација на линијата за неодложно отпочнување на ЕУ преговорите или за чекање подобри времиња за таа цел, згора, кажано во оваа една реченица, пораките на моќниот Вашингтон се многу јасни и нив, барем засега предизборно и од разбирливи и манипулативни причини, ги игнорира само ВМРО-ДПМНЕ и некои други помали партии околу кои гравитираат гласачи главно Македонци но и од другите етникуми со исклучок на албанскиот но, од друга страна пак, партиите за кои се врзуваат гласачи Албанци без исклучок се на страната на вашингтонските пораки кои притискаат за ЕУ рамката и, дополнително, меѓу албанскиот електорат е и дилемата на латентниот избор за Рама или за Курти посебно што вториов како да ја презема иницијативата за главен актуелен политички водач на Албанците во регионов, вклучително и во Македонија, па и оттука, преведено на изборниот терен, тоа би бил натпреварот од една страна за Ахмети и ДУИ, од друга, за Касами и БЕСА, Гаши и Алтернатива и Меџити и неговиот Европски сојуз за промени и токму во овој контекст би бил значаен расплетот во Алијанса за Албанците на Таравари која, мислам, доколку за мајските избори не влезе во предизборна коалиција со еден од двата блока, брзо ќе заврши како ДПА на Тачи и ќе биде уште еден пример за тоа дека во кризни времиња не е баш популарно да си во власта.
Извор: Civilmedia.mk