21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец од Арачиново за издржување затворска казна

Денеска (06.02.2024) во 10.15 часот на ул.„Петар Манџуков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(26) од с.Арачиново, скопско. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 300 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето било предадено во Полициската станица Чаир, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Објавен конкурс за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата

ДЕСК

Се формира комисија за стручен надзор со лекари од странство за извршени кардиолошки интервенции во приватни и јавни здравствени установи

ДЕСК

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

ДЕСК