„Спроед податоци од Светска банка процентот на сиромаштија во 2009 година беше 40%. Во 2019, со реформата, која иако е критикувана од опозицијата дава резултати, тој процент се симна на 19%. Проекциите доколку не се соочевме со пандемијата во 2020 година беа дека ќе продолжи да се намалува. Очекувавме во 2020 година да дојде до 16% степенот на таа умерена сиромаштија“ рече дополниелната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „Студио 10“ на ТВ24.
Таа додаде дека од 2021 година наваму ниту Светска банка, ниту Државниот завод за статистика немаат податоци за процентот на сиромаштија, но неколкуте достапни анализи и сценарија покажуваат дека таа се движи од 21 до 24%.
„Во две-три години кога светот се соочуваше со ковид кризата, каде на голем дел од граѓаните им беа намалени платите, дел изгубија работа, каде имате економска, енергетска криза и војна, се влијае на сиромаштијата. Но процентот на сиромаштија не отиде нагоре, токму заради системот на социјална заштита и деветте пакети антикризни мерки“ рече Тренчевска.
Заменик-министерката додаде дека Министерството работи системски и ги таргетира и помага на најранливите категории на граѓани.