14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

По 20 години во време на СДСМ се расчистува случајот Онкологија, лагата на ДПМНЕ се покажа и со Анкетната комисија

После 20 годии шепотење и непреземање ништо надлежни институции го отворија и го расчистуваат случајот Онкологија токму во време на СДСМ. Лагите на ДПМНЕ не значат ништо, вистината е поразителна за оваа лажна партија која едно зборува друго прави, соопшти СДСМ.

„Граѓаните знаат дека лагите на ДПМНЕ се потврдија и преку собраниската Анкетна комисија.

Јавноста виде дека на ДПМНЕ воопшто не им била важна вистината, не биле важни пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат.

Два месеци ДПМНЕ ја злоупотребува работата на комисијата а со тоа ги злоупотребуваа пациентите, граѓаните и македонското собрание.

Се викаа сведоци, се трошеа пари на граѓаните, се сееше лаги и на крај, ДПМНЕ побегна од комисијата, со денови не се свикуваа седница и не се усвои никаков заклучок, работата на комисија пропадна.

Намерата на ДПМНЕ беше да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја злоупотребува во политички цели. Но и во тоа не успеа.
Сите инволвирани во овој скандалозен случај ќе сносат одговорност и ќе биде расчистен до крај.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Обезбедени 170 милиони денари субвенции за инвертер клими за ранливите категории, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

Активни два пожари на територијата на Македонија, под контрола ставени три

C +

На автомобил врзале куче и го влечеле по пат, ужас во Крива Паланка

ДЕСК