Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Монтирале фотографии од соученички и ги исмевале со врсниците, поведена постапка против шест деца

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка против шест деца во судир со законот за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело, кое е санкционирано како злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Малолетниците, сите ученици во деветто одделение во основно училиште, како соизвршители, неовластено презеле приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници со цел да ги навредат и исмеваат и да му нанесат штета на угледот на оштетените, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК