24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бесправно изградиле хотелски комплекс, деловни објекти и базен, кривични против неколку лица

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.К.(62) и С.К.(72), двајцата од Охрид, против Т.Л.(79) од охридското село Рамне и Н.П.(52) од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“. Тие, на катарстарски имоти лоцирани во охридското село Рамне, без одобрение за градба и друга соодветна документација и спротивно на Законот за градба, бесправно изградиле хотелски комплекс, деловни објекти и надворешен базен.