28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Џафери: Ќе постапувам согласно прописите од моментот кога ќе настапат моите надлежности

„Според роковникот недела е денот кога треба да се заврши целата постапка за техничка влада согласно Законот за Влада, согласно Уставот и Пржинскиот договор. Информиран сум за она што ќе се случува затоа што сум дел од тие планирања за спроведување на техничката влада. Претседалот на собранието е координатор меѓу властите. Имавме соодветна координација со премиерот за да усогласиме термини, рокови, постапки кои што треба да се спроведат. Постапките ќе следат една по друга. Ќе постапувам согласно прописите од моментот кога ќе настапат моите надлежности“, изјави претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери.
На новинарското прашање дали на Џафери ќе му пречи доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаат за новата техничка влада тој одговори дека по дефиниција пратеникот е слободен во волјата и во одлучувањето. Тој дополнително додаде дека нема да биде првпат да гласаат или да не гласаат.
„Во два мандати сум избран претседател на собранието. Не менувало ништо во односите наши тоа што гласале или не гласале. Ако се раководиме по таа логика тогаш би требало да ни пречи и фактот кој граѓанин како гласал на избори па да „ловиме во матно“, посочи Џафери.
Тој додаде дека има пропис којшто пропишува што е дефиниција на влада.
„Нашето уставно уредување не дозволува спојување на функциите премиер и претседател на собрание и министер со било која друга функција и од таа причина не може да се очекува премиер да врши функција на министер. Имаше пример влада претходна каде што беше предложено во собранието премиер да врши функција министер. Но, откако се исконсултиравме видовме дека е неспоиво и се повлече тој предлог“, заклучи Џафери.