24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ацевски: За првпат по 2006 година, во 2022 и 2023 година исплативме К-15 за вработените во Македонија пат

Зборувајќи за состојбата во Македонија пат, директорот на ова јавно претпријатие, Костадин Ацевски во интервју за Студио на Слободен печат, истакна дека кога тој дошол на функцијата претпријатето било во многу лоша финансиска кондиција, но дека сега доста работи се променети на подобро.

„Македонија пат беше во тешка состојба и сега е во тепка состојба но имаме напредок. Успеавме да санираме заостанати обврски кон вработени и УЈП и кон сите комунални претпријатија и вративме долг од 150 милиони денари. Во 2021 година сметката беше во минус од 155 милиони денари, во 2022 имавме плус од 60 милиони пред оданочување, во 2023 година во првите три квартали имаме 200 милиони денари плус пред оданочување. Ние имаме 70 специјални возила за снег само 20 од нив се постари помалу од 5 години а сите други се стари над 30 години. За првпат по 2006 година, вработените во претпријатието успеаја да земат К15 во 2022 и 2023 година“ посочи Ацевски.

Ацевски посочи дека Македонија пат е е една од клучните алки за отпорност во рамките на НАТО и покрај Армијата и полицијата, Македонија пат е една од ретките институции која е во постојана подготвеност, една од ретките институции која има постојани интервенции и во кризни и во редовни околности