Денеска (20.01.2024) во 04.40 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода В.Г.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 03.20 часот на ул. „Мајка Тереза“ во Струмица физички го нападнал Т.Т.(66) од Струмица и му одзел пари, соопшти МВР.
Тој е задржан во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против В.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.