Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

-ДПМНЕ, освен рацете во медот, не знае ништо друго. Општина Битола, под капатата на ДПМНЕ набавува машина за бележење хоризонтална сигнализација по цена од речиси 50.000 евра, соопшти СДСМ.

„Иста машина е набавена и од ДПМНЕ во Општина Велес по нешто пониска цена од околу 42.000 евра.

Овие цени се 3-4 пати повисоки од реалните, со оглед на тоа што општина Центар, купила иста таква машина, но за 13.000 евра.

Разликата е огромна. Битола платила дури 37.000 евра повеќе од Центар, а Велес дури 29.000 евра.

Прашање е во чии џебови завршила разликата.

Овие астрономски суми се пари на граѓаните и токму затоа одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини од страна на ДПМНЕ, мора да има.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОСТАНУВААТ ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕ – Мицкоски вели дека ставот на Владата не е променет

ДЕСК