Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Средба на претседателот Пендаровски со Џејмс O’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, оствари средба со Џејмс O’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент.

На средбата се разговараше за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на Северна Македонија, за реформскиот процес, како и за политичките состојби во нашата држава и во регионот.

На средбата беше реафирмирана поддршката на САД за европските аспирации на Северна Македонија, и беше изразено очекувањето од официјален Вашингтон дека државата ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

Дмитријевиќ: Предавство за пари – ДПМНЕ ја одби Резолуција затоа што има план за мигранти

C +

Димитријевиќ: Во буџетот нема пари! За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот

C +

Српско сценарио: Список на задачи (‘to do’)

C +
error: Соддржината е заштитена.