Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

КРВАВА ВООРУЖЕНА ПРЕСМЕТКА ВЕЧЕРВА ВО ТЕТОВО: МВР излезе со детали за тешкиот инцидент, има повредени

Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани.

Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот.

Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Нова трагедија го потресе Скопје: Млад скопјанец пронајден починат во дом во Кисела Вода – соопштен идентитетот, наредена обдукција

ДЕСК

Возач удрил млад пешак на кружен тек во Скопје и побегнал

ДЕСК

Акција на СВР Скопје: Приведени лица од Македонија и Хрватска

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.