Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Премиерот Ковачевски на Божиќ на Божиќната служба во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, присуствуваше на Божиќната служба во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, во чест на празникот Христово раѓање – Божиќ, а со којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.

Премиерот Ковачевски поразговара со верниците, како и со претставниците на МПЦ-ОА и им посака добро здравје, спокој и радост. Споделени беа и очекувања да се продолжи по патот на перспективите.

Големиот христијански празник Божиќ, како што констатираше премиерот Ковачевски, поттикнува надеж дека секој нов почеток е шанса, поцврсто и поодлучно во вербата и надежта, да се зачекори напред, на патот кон заедничкото добро.

Во прилог документ од интегралното обраќање на премиерот Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за вакцинација против сезонски грип – над 70 илјади пријавени, 22 илјади веќе вакцинирани

ДЕСК

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември 2025 година се зголемени за 1.2 % во однос на претходниот месец

ДЕСК

Ужас во Македонија: 58 годишник осомничен за обљуба на 18 годишно девојче

ДЕСК