Двајца маскирани напаѓачи наводно запалиле 11 од вкупно 17 антени на „Старлинк“ во објект во близина на Софија. Бугарските власти отвориле истрага.
Премиерот Румен Радев потврдил дека истрагата се води и со помош на партнерски служби, додека дополнително е засилено обезбедувањето на слични инфраструктурни објекти.


