Студентските протести во Албанија продолжија втор ден и прераснаа во судири со полицијата. За време на протестите избувнал пожар во Министерството за образование, а демонстрантите се судриле со полициските сили.
Полицијата употребила солзавец и водени топови, а има уапсени и повредени. Првичните студентски барања за подобри услови во образованието прераснаа во пошироко незадоволство од власта.


