20. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Царинска управа: Спречен обид за нелегална трговија со 3 кг марихуана

Спречен обид за нелегална трговија со наркотична дрога, откако мобилен тим во координација со полициски службеници при Одделот за крриминалистичка полиција пронајдоа 3 килограми марихуана при претрес на автомобил.

Возилото со албански регистарски таблички управувано од албански државјанин кој патувал со сопатник од Албанија е сопрено од страна на полициски службеници на наплатна станица Тетово, при што поради сомневање дека се превезува наркотична дрога е повикан мобилен тим од Царинска управа.

Притоа извршен е претрес со царинско куче со чија помош е откриена поголема количина на наркотична дрога марихуана. Дрогата е откриена во резервната гума која била исполнета со 3 поголеми пакувања со околу три килограми наркотична дрога марихуана.
Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

Во Скопје и околината: Пронајдени две мртви лица, едниот на 39-годишна возраст другиот на 50 – наредена обдукција

ДЕСК

Утре, сончево и топло време со мала локална облачност

C +

ДОМ: Новиот нацрт-закон за Рударство е директна закана за здравјето на луѓето

C +