14.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ветеровски: Царинската унија е една од клучните поглавја во процесот на преговори, бидејќи го опфаќа процесот на слободно движење на стоки и размената која што треба да се случи со земјите членки на ЕУ

„Процесот на преговори за членство во Европската Унија, односно прилагодувањето со законодавството и правното наследство на ЕУ е поделено на 35 поглавја, или по новата иментолологија во 6 кластери, од кои што едно од поглавјата е царинска унија. Зошто е тоа важно за нас царинската управа и воопшто? Затоа што Европската Унија е започната како царинска унија, а она што го доживуваме денеска е политичка унија и од тој аспект има многу висок степен на закони и пописи кои ние треба да ги усвоиме и да ги прилагодиме. Царинската унија е една од клучните поглавја во процесот на преговори, бидејќи го опфаќа процесот на слободно движење на стоки и размената која што треба да се случи со земјите членки на Европската Унија“, „вели во интервју за Рацин.мк Златко Ветеровски, помошник директор во Царинската Управа на Северна Македонија.

Тој додаде дека она што е кажано во Извештајот, поглавјето царинска унија покажува висок степен на усогласеност.

„Основа во суштина претставува Царинскиот закон и Законот за царинска тарифа. Зошто е тоа важно? Царинската тарифа всушност ги определува начинот на распоредување на стоки и царинските стапки, начинот на царинење, каде што ние имаме исклучително висок степен на усогласеност, односно со комбинарината номенклатура сме 100% усогласени а исто така со и царинското законодавство кое што во суштина ги кажува постапките како тече увозот, извозот, транзитот на стоки, постои висок степен на усогласеност“, потенцираше Ветеровски.

Тој заклучи дека она што е најважно и што треба да се спомене за пошироката јавност е дека овој процес на реформи и прилагодување во суштина значат многу за нас како држава и за економските оператори, за граѓаните, бидејќи колку поблиску сме усогласени со европското законодавство и кон процесот на реформи, толку се поголеми погодностите за македонските компании. Со оглед на тоа што во вкупната надворешна трговска размена, 65% од вкупната размена се случува со земјите членки на Европската Унија и од таму е за нас клучно да имаме што повисок степен на усогласување и што подобро применување на тие практики.