28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Хуманата страна на Оливер Спасовски која не ја гледате на социјалните мрежи

Граѓаните знаат дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски секоја година пред новата година се среќава со децата без родители и со полицајците им приредува забава и дружба и секако многу подароци од храна и облека. И годинава како и претходните, Спасовски ги донираше сите свои дневници од службени патувања, за децата од групни домови во ЈУ 11 октомври и 25 мај, кои минатата година од Спасовски добија клима уреди, а годинава зимски обувки за сите. Но, многумина не знаат дека вакви донации Спасовски дава и за децата на загинатите бранители, и тоа секоја година откако е министер и претседател на Владата во 2020 година. Многумина не знаат дека и за време на верските празници секогаш донира храна за маргинализирани семејства и на оние на кои им е најпотребно.

Но, на социјалните мрежи Спасовски никогаш не се изразува во прво лице, не зборува за себеси, за него заедништвото е највисок дострел! Затоа и нема да се видат лични промоции за ваквите хумани активности на Спасовски. За него важно е учењето никогаш левата рака да не знае што прави десната!
А, ако некој работи за доброто на сите граѓани, тоа е Оливер Спасовски!