Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

Авансна исплата на субвенциите за прв пат ќе добијат и лозарите

Согласно донесените одлуки на вчерашната владина седница авансна исплата од 30 проценти на субвенциите ќе добијат и лозарите, нешто што не се случило никогаш досега. Се овозможи со воведениот нов модел за субвенции, да има навремена поддршка на лозовите насади, тогаш кога им е најпотребна на лозарите.

Владата на седницата донесе измени и дополнувања на програми и уредби, со коишто се овозможува земјоделците во државава за прв пат досега, да добијат авансна исплата на субвенциите.

Станува збор, како што е објаснето од предлагачот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за предвремена, односно авансна исплата на субвенциите по програми за тековна година, согласно новиот модел на субвенционирање што го воведе Владата.

Односно, сите 40.000 земјоделци кои се стекнале со право за субвенции, ќе добијат авансна исплата на 30 проценти од субвенциите, во текот на следната недела.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +