28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Сите 40 ијлади земјоделци кои стекнале право, следната недела ќе добијат авансна исплата на субвенциите

На вчерашната седница Владата на Република Северна Македонија донесе измени и дополнувања на програми и уредби, со коишто се овозможува земјоделците во државава за прв пат досега, да добијат авансна исплата на субвенциите.

Сите 40.000 земјоделци кои се стекнале со право за субвенции, ќе добијат авансна исплата на 30 проценти од субвенциите, во текот на следната недела.

Станува збор, како што е објаснето од предлагачот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за предвремена, односно авансна исплата на субвенциите по програми за тековна година, согласно новиот модел на субвенционирање што го воведе Владата.

На седницата исто така Владата аде поддршка и да се продолжи рокот за аплицирање во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, за дополнителните 70 проценти од субвенциите, што според новиот модел на субвенции, се поврзани со пријавување на количината на производство, од страна на земјоделците. Рокот за пријавување до 25 декември, е продолжен до 30 декември. Според пријавеното производство на количините, на почетокот на годината ќе се направат пресметките за доисплатата на субвенциите, на земјоделците на кои им следуваат.