25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

251 санкционирани возачи во Скопје, 130 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 251 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 130 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум мерки за користење на мобилен телефон, шест санкции за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.