Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Превентивни активности на МВР

Во текот на вчерашниот ден (13.12) во рамки на Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Велес и Куманово беа реализирани превентивни активности во поголемиот дел посветени на сообраќајната безбедност, злоупотребата на пиротехнички средства, како и околу заштита на граѓаните од измами.
Така, во рамки на СВР Скопје беа спроведени активности околу сообраќајната безбедност фокусирана кон задолжителното носење и користење на зимска опрема, а во основните училишта „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ на подрачјето на ПС од ОН Гази Баба беа реализирани едукативни работилници за превенција од злоупотребата на пиротехнички средства меѓу децата, како и околу значењето на детските права. Идентична активност Одделението за превенција при СВР Скопје веќе организираше и спроведе и во основните училишта „Александар Урдаревски“ и „Кирил и Методиј“ на подрачјето на ПО Мирковци.

На подрачјето на СВР Битола пак, односно во Македонски Брод и Ресен полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Ресен беа ангажирани на превенција по однос на темите за задолжителното носење и користење на зимска опрема и за некористењето на мобилни телефони при возење, додека пак полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во пензионерскиот дом во Велес одржаа предавање во рамки на проектот за заштита од имотни деликти (пред се измами на повозрасни категории граѓани).
Во рамките на СВР Куманово полициски службеници реализираа превентивна кампања со посета на основните општински училишта во Куманово, каде беше поставен едукативен материјал околу злоупотребата, односно забраната за употреба на петарди и други пиротехнички средства. Во централното градско подрачје пак, беше спроведена превентивната сообраќајна активност околу задолжителното носење и користење на зимска опрема.

Можеби ќе ве интересира

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ВЕЛЕС – ГРАДСКО: Возач тешко повреден откако излетал од патот

ДЕСК

16885 сообраќајни прекршоци во мај, 4.473 за непочитување на пропишаната брзина, одземени се 238 возила по член 300-б од Кривичниот законик

ДЕСК

Прва билатерална средба на претседатели на парламентите на Република Северна Македонија и Танзанија

ДЕСК