25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

315 санкции викендот за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (08/09/10/12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 315 возачи, меѓу кои 203 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 39 мерки за возење без возачка дозвола, 24 возачи за управување под дејство на алкохол… – соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.