Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Што договарал Мицкоски на средбите со Палевски?

-Цела недела нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски. Што разговарал и договарал Мицкоски на средбите со Палевски, што крие? – прашаа од СДСМ.

„Познато е дека Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица, а неговите радикалните ставови беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити.

Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО.

Заедно беа дел и од насилните протести со гилотињи и мотолови коктели пред Собранието против Францускиот предлог.

Обидите за манипулација, поткопување на истрагата, изопачената потреба за злоупотреба на случајот со смртта на Вања и ширење паника кај граѓаните, отвораат сериозни сомнежи за целите на ДПМНЕ и Мицкоски.“ – се вели во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК