23.8 C
Скопје
24. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Жана Божиновска: Илузија е да се очекува нова преговарачка рамка и нови услови за почеток на преговорите со ЕУ

„Ако ги следиме изјавите од ЕУ и европските политичари, ќе сфатиме дека нема да има нова преговарачка рамка и би рекла дека е илузија да се очекува нова рамка и нови услови за почеток на преговорите“ изјави новинарката Жана Божиновска во интервју за „БГНЕС“.

Новинарката во интервјуто истакнува дека никој нема да може да предвиди кога конечно земјава ќе ги отвори поглавјата од преговорите за ЕУ доколку не ги направи уставните измени.

„Кој и да ја формира новата влада, во одреден момент ќе дојде до ситуација кога ќе се донесат уставните измени, а кога ќе биде тоа, никој навистина не може да каже“ рече Божиновска.

Новинарката во интервјуто истакна дека блокадата во моментов е само поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги гласа уставните измени, бидејќи според нив тие биле бугарски диктат, иако сите европски и ЕУ политичари укажуваат дека тоа е дел од преговарачката рамка, која не може да се промени.