Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Жана Божиновска: Кој и да ја формира новата влада, во одреден момент ќе мора да ги изгласа уставните измени

„Кој и да ја формира новата влада, во одреден момент ќе дојде до ситуација кога ќе се донесат уставните измени, а кога ќе биде тоа, никој навистина не може да каже“ рече новинарката Жана Божиновска во интервју за „БГНЕС“.

Новинарката во интервјуто истакнува дека никој нема да може да предвиди кога конечно земјава ќе ги отвори поглавјата од преговорите за ЕУ доколку не ги направи уставните измени.

Божиновска додаде дека, сепак, доколку се следат изјавите од ЕУ и европските политичари, ќе сфатиме дека нема да има нова преговарачка рамка.

„Би рекла дека е илузија да се очекува нова рамка и нови услови за почеток на преговорите“ рече Божиновска.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК