-Еден од најблиските соработници на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, но и на Христијан Мицкоски е фатен како поседува и шмрка кокаин на сред кафиќ во Охрид. Како што информираше МВР, вчера на 9 декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин, соопшти СДСМ.
Истакнатиот член, според СДСМ, работи како просветен работник и важи за исклчително близок до Мицкоски и градоначалникот Пецаков.
-Дали ова се традиционалните и морални вредности што ДПМНЕ им ги промовира на младите и учениците? – прашуваат од СДСМ.
-Ова е вистинското лице на ДПМНЕ и овој скандал кажува многу за какви луѓе станува збор. Деструктивност, уназадување, кочничари и криминални структури! Тоа е ДПМНЕ! Очигледно има многу бело околу ДПМНЕ и Мицкоски,а не само фасадата на Белата палата! – велат од партијата.