26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Коциќ: Нашите предлог заклучоци за случајот Онкологија не беа ставени на гласање од Анкетната комисија

„Испитавме околу 64 сведоци, разгледуваваме документација, за да на 27 април од координатрорката ни беше посочено дека околу 10 часот од координаторката ни беше посочено дека ќе имаме координација околу договарање на заеднички заклучоци од страна на анкетната комисија. На 27 април претседателката Мизрахи ги прочита заклучоците најверојатно добиени од белата палата и кои беа единствено на од ВМРО-ДПМНЕ без координација на останатите членови, “ рече пратеникот од СДСМ , Ненад Коциќ во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.

Тој посочи дека додека зборувала претседателката побарал реплика која не му била овозможена и потоа седницата прекината.

„Од тој момент претседателката не се појави на комисија, ја продолжи заменикот Велјановски, и по завршувањето повеќе седницата не беше свикана. За време на паузата излеговме со наш прес и ги соопштивме нашите заклучоци за да ја запознаеме јавноста какви се нашите ставови. Не беа ставени никакви заклучоци на гласање , што е класична злоупотреба на функцијата на претседателката на анкетната комисија зошто два месеци работевме со сведоци и пратеници,“рече Коциќ.

Тој посочи дека прв пат биолошката терапија се набавува од тогашниот министер за здравство Венко Филипче, каде што и сведок потврди дека додека тој бил министер никогаш немало недостаток на терапија.