Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Коциќ: Насилниците имаат име и презиме, да бидат изведени пред судот на правдата и да бидат казнети.

„Да се крене рака на невино суштество е монструозен чин, сочуство до семејството и целата нација. Ова се многу непроспиени ноќи за цела нација. Дали го изгубивме човечкото, незнам. Сведоци сме на насилства секојдневно, а ова е најтежок вид на насилство,“ рече пратеникот од СДСМ , Ненад Коциќ во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.
Тој посочи на борба против насилството и запирање на било каков тип на насилство.

„Насилниците мора да имаат име и презиме. Мора да бидат изведени пред судот на правдата и да бидат казнети. Жалам што опозоцијата собира политички поени и од овој случај. Наместо да се освестиме и преземеме мерки продолжуваме со злоупотреба,“ рече Коциќ.

Тој укажа на постоење на политичко лешинарство да се спечалат ситни политички поени, како и дека тоа останува на совеста и честа на оној кој го прави. Притоа се осврна и на времето на пандемијата кога опозицијата слично се однесуваше.

Тој посочи дека во истрагата за двете убиства имало целаосна ангажираност на МВР со надеж дека жртвите ќе се најдат живи.

За велешанецот Панче Жежовски рече дека се сеќава од порано кога бил кандидат на избори, но лично не се познавал, како и со останатите обвинети од Велес.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

ДЕСК