24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ започна иницијативата за формирање на Европскиот фронт, велат од партијата

-СДСМ иницира формирање Европски фронт во којшто ги повикува да се приклучат сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, граѓани, сите кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ, соопшти СДСМ.

„Заедно да ја оствариме стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година.

Европски фронт за посилен економски напредок, поголеми плати и пензии, врвна демократија, социјална правда и европски животен стандард со европски вредности.

Пред нашата држава и пред сите граѓани е историска шанса за продолжување на европскиот пат и полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет.

СДСМ е подготвена во името на врвните државни и национални интереси и оди на двојна победа на претседателските и на парламентарните избори наредната 2024 година.

Заедно со Европскиот фронт да ја внесе земјата во ЕУ.“ – се вели во соопштението.