Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Борел: Северна Македонија припаѓа на ЕУ која е заедница на вредности, ќе останам на ваша страна

„Ова е прилика која треба да ја искористите. И за тоа имате целосна наша поддршка. Ќе останам на ваша страна, на страната на Северна Македонија, на нејзината Влада, ќе ве придржувам кон патот на напредокот, кон крајната цел што е членство во ЕУ“ рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедносни прашања, Жозеп Борел по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека Северна Македонија припаѓа на Европската Унија која е заедница на вредности, не заедница на интереси.

„Јас сум задолжен да ги претставувам и вредностите и интересите на ЕУ во светот. И од она што јас го сфаќам и од мојата увереност можам да кажам дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ“ рече Борел.

Високиот претставник на ЕУ испрати охрабрување до премиерот Ковачевски да продолжи со работата за добивање полноправно членство и да ги искористи предностите од планот за раст на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

ДЕСК

Полицијата трага: Исчезна 17 годишно дете

ДЕСК