17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски на средба со Борел: Северна Македонија има јасна евроинтеграциска перспектива, Владата работи на воведување европски вредности

„Сакам и во оваа прилика да упатам благодарност до Високиот претставник, за неговата силна поддршка на интеграцискиот пат на Северна Македонија во ЕУ. Констатиравме дека Северна Македонија има јасна евро-интеграциска перспектива, и како Влада имаме вистинска определба и работиме на воведување на европските стандарди и вредности“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Тој додаде дека оваа Влада е влада за која меѓународната заедница смета дека ја зацврсти демократијата, го зацврсти владеењето на правото, постигна напредок во реформата на правосудниот систем и развива цврста пазарна економија, како што всушност доликува на земја која треба да биде дел од големото европско семејство.

„Тоа се гледа и од скрининг процесот, имаме квалитетни презентации во сите поглавја, a коментарите од страна на Европската комисија, на почитуваниот наш гостин, господинот Борел, се одлични. Северна Македонија има добар процент на усогласеност во правната рамка и во носењето на закони. Извештајот на скрининг процесот ќе ни биде патоказ со кој ќе го зајакнеме фокусот во реформата во јавната администрација, механизмите за владеење на правото и борба против корупцијата како и унапредување на пазарното стопанство во државата“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека Владата не дозволи внатреполитичките спорови да ги стават на страна реформите потребни за приближување на стандардите и законите на ЕУ, ниту пак да го отежнат или спречат скриниг процесот.

„Ние двајца јасно се согласуваме дека нашата ЕУ интеграција мора да продолжи. Тоа е процес кој е почнат и нема да застане се до полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ“ рече Ковачевски на прес-конференцијата со Борел.

Спонзорирано: