25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи, велат од СДСМ

-Со ДПМНЕ нема поголеми плати и пензии, има само споменици и стиропор за богатење на Белата плата, врз грбот на народот. ДПМНЕ во изминатите 2 години покажа како ја практикува власта во Град Скопје и во 40-тина општини низ државата, со нула резултати и бесконечни листи нереализирани ветувања. Јавноста одамна ги прочита нивните лаги, соопшти СДСМ.

„Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи.

Со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат, а со новата методологија ќе се усогласуваат на секои шест месеци врз основа на растот на трошоците за живот и на просечната плата.

СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40 отсто.

Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, додека во март 2023 година просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари.

Во времето на ДПМНЕ минималната пензија беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари.

Разликата е јасна и очигледна.“ – се вели во соопштението.