Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

46 санкционирани возачи на територијата на општина Студеничани во Скопје

Во текот на вчерашниот ден (26.11.2023) во периодот од 16.00 до 20.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Студеничани во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, соопшти МВР.

При контролата санкционирани се 46 возачи, од кои 27 за возење без возачка дозвола, осум санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, три мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), две возила се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК