25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Постапка против тројца полнолетни скопјани и три деца за разбојништво во Градскиот парк

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица на возраст од 18-19 години кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво по член 237 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во извршувањето учествувале и три малолетни деца во судир со законот, за кои ќе биде поведена постапка согласно Законот за правда на децата.

Тие заедно на 23 ноември, во Градскиот парк во Скопје, се заканиле со пиштол дека ќе нападнат врз животот и телото на оштетен и оштетена кои седеле на клупа и на тој начин од нив одзеле еден машки рачен часовник и 1200 денари со намера противправно да ги присвојат.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложи определување мерки на претпазливост за полнолетните осомничени, вклучувајќи забрана тие да се приближуваат до оштетените во текот на постапката.