Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СНЕГОТ НАПРАВИ НОВИ ПРОБЛЕМИ: Сообраќајот на превојот „Стража“ е во прекин заради попречено возило на патот кај „Тајмишка Раскрсница“, а на патниот правец Ресен-Битола се одвива отежнато поради наноси од снег

ЦУК: Сообраќајот на превојот „Стража“ во моментот патниот правец е во прекин заради попречено возило на патот кај „Тајмишка Раскрсница“, а на патниот правец Ресен-Битола се одвива отежнато поради наноси од снег

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека поради попречено возило на патот кај „Тајмишка Раскрсница“ кон превојот „Стража“ во моментот патниот правец е во прекин, при што се создаваат колони со возила. Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта работата на расчистување на патниот правец на превојот „Стража“.

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека сообраќајот на патниот правец Ресен-Битола се одвива отежнато поради наноси од снег и дека имало повеќе возила кои се лизнале од патот. Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта и на овој патен правец работеле за расчистување на наведениот патен правец.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК